Гостиварски кошаркарски муабети (ФОТО)

На денешиот пријателски натпревар меѓу репрезентацијата на Македонија против нашиот источен сосед, националниот тим на Бугарија, меѓу публиката присутни беа доста кошаркари, како и тренери  познати на македонската јавност.

Нашиот долгогодишен репрезентативец, Перо Антиќ кој пред извесно време стана и акционер на К.К. Гостивар, натпреварот го проследи од трибините, беше во присуство на спортскиот директор на новиот прволигаш, Младен Ѓуровски, како и новиот тренер на клубот, Марјан Србиновски и поранешниот претседател на кошаркарската федерација, Илија Мерџановски.

Се вчитува...