Гостивар договори уште едно странско засилување откако „сино-белите“ денеска го официјализираа доаѓањето на Лувејн Пипкинс, американски плејмејкер кој ќе биде дел од тимот на тренерот Малинков в наредната сезона.
Пипкинс доаѓа во мак-баскетот од шампионатот на Грузија, каде имал одлична сезона во дресот на Рустави, тим со кој во просек постигнувал по 15,9 поени и 5,2 асистенции по натпревар. Воедно, Американецот се покажал и како одличен дефанзивец со просек од 2,7 украдени топки по натпревар. Пред Рустави, Пипкинс настапуваше и во шампионатот на Португалија.
Тој е второто засилување што гостиварци го доведоа од шампионатот на Грузија, по доаѓањето на Гиoрги Корсантија, 207 сантиметри високиот грузиски репрезентативец кој потпиша од редовите на Кутаиси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

