Гостиварци се пресилни за младите „штркови“

Гостивар лесно и убедливо стигна до нова победа во кошаркарскиот шампионат откако избраниците на Алек Јончевски славеа над МЗТ Скопје 2 со резултат . Гостиварци се покажаа како далеку поквалитетен ривал од младиот домашен состав, кој по премиерната победа над Ангели минатиот викенд овојпат немаше сили за посериозен отпор на големиот фаворит.

Првото двоцифрено водство на гостите беше забележано во осмата минута со поените на Стојаноски, првата четвртина заврши со резултат 11-25, а избраниците на Перо Блажевски парираа во вториот период што Гостивар го доби со минимални 23-25. Најефикасна четвртина за гостиварци беше онаа третата што ја добија со 16-31, практично осигурувајќи ја убедливата победа што на крајот беше изразена со конечни „плус 25“ откако Јончевски во финишот им даде шанса на оние кои имаат минимална минутажа во тимот на Гостивар.

Ворку беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени, осум скокови и шест асистенции, по 11 поени постигнаа Јанески и Тодоровиќ. Прв стрелец на МЗТ Скопје 2 при денешниот пораз беше Митевски со 14 поени.

Се вчитува...