Кошаркарите на Гостивар вечерва почнаа со подготовките за новата сезона, во која оваа екипа се враќа во елитното македонско кошаркарско друштво.
Новата управа на клубот на чело со тренерот Марјан Србиновски во изминатиот период доведе неколку квалитетни засилувања, ангажираше и двајца младински репрезентативци на Македонија, но и задржа дел од младите талентирани играчи кои се од Гостивар, за составување на солиден тим.
Гостиварци, како и впрочем поголемиот дел од прволигашите, ќе имаат целосно променет ростер во однос на ланската сезона, па на тренерот Србиновски е што подобро да го воигра тимот пред стартот на новиот шампионат. Желбата на новиот прволигаш е влез во Супер-лигата, со што клубот би добил на стабилност и во иднина би атакувал на уште посериозни резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА