Гостиварци за повлекувањето: Реагиравме поради судијата Стојчевски, кого не го сака ниту еден тим

Лоша појава почна да го напаѓа македонскиот фудбал, незадоволни клубови од судиите да го напуштаат теренот и да не сакаат да ги доиграат натпреварите.

Воска беше жестоко казнета за таквиот однос на дуелот против Вардар, охридскиот клуб потоа и се повлече од Првата лига, па затоа изненадувачки беше потегот на управата на Гостивар откако оваа екипа денеска се повлече од терен неколку минути пред крајот на дуелот со Работнички.

ФФМ најави истрага и жестока казна, а раководството на Гостивар вечерва се јави со сопствено соопштение, вината посочувајќи ја кај судијата Игор Стојчевски.

„Инцидентот што се случи денеска немаше ништо против нашиот ривал Работнички. Нашата реакција беше кон судијата Игор Стојчевски. Овој судија е познат по своето скандалозно судење, не го сака ниту еден тим. Што се однесува до соопштението на ФФМ, ќе одговориме на секоја реченица, една по една“, порачаа од Гостивар.

Се вчитува...