Цедевита Олимпија и Партизан одиграа уште еден драмтичен натпревар во АБА лигата кој и овој пат беше решен во последната минута, а на триумф од 95-91 во претпоследниот натпревар од 8 коло се радуваше составот од Љубљана, продолжувајќи ја низата на перфекција во домашните натпревари против „црно-белите“ на шест едно по друго.
Неизвесниот натпревар беше наговестен уште од самиот старт на натреварот, а и покрај тоа што Партизан со серија на самиот финиш на првата четвртина стигна до предност од 22-27 и ја одржуваше оваа предност во првата половина од втората четвртина, Цедевита Олимпија успеа да се врати во мечот и да поведе со минимални 51-50 на полувремето.
Второто полувреме не донесе промена. Двата тима го менуваа водството во третата четвртина, а на крајот од неа домаќините беа оние кои ја задржаа предноста од еден напад за 73-71. Мирната рака од линијата за слободни фралања на Цедевита Олимпија го одржуваше словенскиот тим во водство до крајот на натпреварот, а на Партизан не му помогнаа ни големиот број на промашени зицери па бодовите останаа во Словенија.
Влажиќ со 29 поени и 6 скокови беше лидер на Цедевита Олимпија, додека камински со 20 поени и 7 скокови беше најрасположен во редовите на Партизан.
Партизан нема по добро да го памети овој натпревар со оглед на тоа што покрај поразот тимот предводен од Жељко Обрадовиќ остана и без Алекса Аврамовиќ кој доби удар во носот во првото полувреме и не влезе во игра до крајот на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА