[two_third last=”no”]…[/two_third]
Мечот од шпанската Примера меѓу Џирона и Реал Мадрид кој е на распоред во недела би можел да биде одложен. Причина се безбедносните мерки.
Според најавите, постои можност Владата на Каталонија овој викенд да прогласи независност од Шпанија, па таквата евентуална одлука може да донесе реакција од Владата во Мадрид и народ на улиците на Каталонија. Реал Мадрид има гостувањето во предградието на Барселона, а локалните власти засега не може да гарантираат потпoлна сигурност поради што има најави и за одложување на дуелот.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан вели дека неговиот тим сака да го одигра натпреварот, без разлика на политичките случувања.
„Ние не се плашиме. Сакаме да го одиграме натпреварот и не сакаме да мислиме за други нешта“ – порача Зидан.
За патувањето во Каталонија, доколку мечот се игра, одлучено е „кралевите“ да не го користат клупскиот автобус а во резервираниот хотел има посебно безбедносни мерки за да не дојде до несакани инциденти со фудбалерите.
За Џирона ова е дебитантска сезона во Ла Лига, а досега од девет натпревари имаат девет бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА