Шведска беше непријатно изненадена во вчерашниот дуел со Словенија, а дополнителен проблем за скандинавската селекција претставува синиот картон што му беше доделен на најдобриот шведски ракометар, Џин Готфридсон, за удирање со лакотот во еден дуел со Словенецот Бомбач.
Утрово пристигна и пресудата – Готфридсон е казнет со суспензија од еден натпревар и нема да може да им помогне на соиграчите на следниот дуел со Хрватска, кој е еден од решавачките за пласман на Шведска во четвртфиналето.
„Морам да признам дека лакотот ми беше поставен превисоко, не планирав да го удрам и затоа сметам дека не заслужив син картон. Разочаран сум од самиот себе, што го оставам тимот на цедило“, изјави Готфридсон.
Шведска има една победа во првите три рунди од ОИ во Париз, па јасно е дека скандинавците не смеат да си дозволат пораз на утрешниот дуел со Хрватска, што ќе значи и нивна речиси сигурна елиминација од натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА