ГОТОВО: Атлетико Мадрид го купи Лукман од Аталанта за 35 милиони евра!

Атлетико Мадрид го доведе Адемола Лукман, нигерискиот напаѓач од Аталанта.

Според договорот, Лукман во Атлетико Мадрид се сели за фиксна компензација од 35 милиони евра, а италијанскиот клуб би можел да добие уште пет милиони евра во бонуси. Играчот пристигнува на лекарски преглед и веќе денес треба да потпише повеќегодишен договор, објави Фабрицио Романо.

Лукман се приклучи на Аталанта во 2022 година, кога пристигна од Лајпциг за 11 милиони евра.

Неговиот најдобар натпревар во кариерата беше во финалето на Лигата на Европа во 2024 година, кога постигна хет-трик против Баер Леверкузен.

Се вчитува...