Амбициозниот газда на Хапоел Тел Авив успеа во првата цел – да обезбеди влез во Евролигата, а следна цел на израелскиот милијардер е формирање на силна екипа што ќе му биде дадена на располагање на тренерот Итудис.
Првото позначајно засилување беше ангажирано денеска, откако конечно беше потпишан договорот со Илајџа Брајант, 30-годишниот кошаркар кој во последните четири сезони со успех ги бранеше боите на Анадолу Ефес. Американецот начелно се договори за тригодишна соработка со Хапоел уште пред еден месец, но потоа почна да се премислува по воениот конфликт меѓу Израел и Иран. По завршувањето на конфликтот преговорите продолжија, за денеска и официјално да биде потпишан договорот со Хапоел.
Брајант минатата сезона имаше одлични бројки од 13,8 поени, 4,2 скокови и 3,1 асистенции во дресот на Ефес во Евролигата.
Израелскиот тим веќе донесе одлука своите домашни натпревари во Евролигата да ги игра во Софија, за разлика од Макаби кој и во новата сезона ќе биде домаќин во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

