Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид стигна до големото засилување за престојните предизвици наречено Хулијан Алварез, пренесуваат шпанските медиуми. Аргентинецот ги помина лекарските прегледи и наскоро се очекува официјално да стане нов фудбалер на овој славен клуб.
Трансферот ќе биде во износ од вкупни 95 милиони евра со што 75 од нив ќе бидат фиксни, а 20 милиони евра ќе бидат исплатени доколку се реализираат одредени бонуси.
Алварез го засили Манчетер Сити во 2022 година, но и покрај успешните настапи за актуелниот шампион на Премиерлигата се одлучи за промена на средината поради неповолните временски услови во мрачната Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА