Готово е: Барселона го доби првото засилување за следната сезона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта наголемо се подготвува за летниот преоден рок и касно е дека ќе има доста промени во составот на „Каталонците“. Во јануари Барселона успеа да доведе неколку звучни имиња, а тоа се покажа како полн погодок, барем во првите пролетни кола во шпанскиот шампионат и во Лигата на Европа.

Сепак, одбраната и натаму е најслаба точка на Барселона, а тоа може да се смени следната сезона откако Барселона денеска договори големо засилување. Самуел Умтити и Клемен Ленгле најверојатно ќе бидат продадени на лето, а според најавите веќе било договорено засилување во дефанзивата.

Станува збор за играчот на Челси, Андреас Кристенсен кој ги прифатил сите услови за премин во клубот од Каталонија. Тој би дошол во Барса како слободен играч, со оглед дека му истекува договорот. Тој веќе ги одработил и лекарските прегледи и во следните денови ќе потпише петгодишен договор кој ќе почне од јуни 2022 година.

По истите стапки веројатно ќе тргне и сегашниот играч на Милан, Франк Кеси кој е блиску до потпис со Барселона, а исто така се споменува и Цезар Азпиликуета исто така од Челси.

Се вчитува...