Фухсе Берлин дефинитивно создава нов ракометен дрим-тим откако актуелниот германски првак успеа да осигура уште една суперѕвезда што ќе пристигне во јули 2027 година.
Откако за истиот термин беше осигуран и потписот на Данецот Питлик, сега е постигнат целосен договор и за доаѓањето на Дика Мем, кј по истекот на договорот со Барселона (30 јуни 2027) ќе му се приклучи на амбициозниот германски проект.
Мем веќе ја одби понудата за нов договор со Барселона, но ПСЖ беше тимот што претставуваше главен ривал на Германците за францускиот бомбардер. Се најавуваше дека Мем е многу поблиску до враќање во татковината отколку до преселба во Бундес-лигата, но последните информации говорат дека тој на крајот сепак го прифатил предизвикот наречен Фухсе Берлин – тим во кој ќе заигра крај данските суперѕвезди Гидсел и Питлик.
Информацијата прва ја објави францускиот весник „Л’Екип“ според кој раководството на ПСЖ е известено за одлуката на Мем, па „светците“ веќе погледите ги насочиле кон други опции на пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

