Готово е: Донарума оди во Јувентус, Милан доведе шампионски голман на негово место

Џиџо Донарума ќе биде прв голман на Јувентус почнувајќи од наредната сезона, откако италијанскиот репрезентативец ги договорил условите за соработка со „старата дама“. Во таборот на Јуве беа задоволни од Шчешни, но не сакаа да ја пропуштат можноста кога најдобриот италијански голман беше слободен на пазарот без никаква отштета и успеаја да го комплетираат трансферот.

Преговорите со неговиот агент Мино Раиола траеја неколку месеци, за на крајот да биде договорено Донарума да потпише на пет години, за плата од 10 милиони евра по сезона, плус бонуси за секој освоен трофеј во дресот на „старата дама“.

Милан веќе го пронајде наследникот на Донарума, откако го договори доаѓањето на Мајк Маињан. Станува збор за голманот на Лил кој бранеше фантастично сезонава и беше меѓу најзаслужните што овој клуб сензационално стигна до шампионската титула во Франција. Маињан исто така ќе потпише договор на пет години, а Милан ќе плати 13 милиони евра за трансферот, плус евентуално уште два милиони доколку се активираат клаузули за бројот на настапи и освоени трофеи на новиот голман на „росонерите“.

Се вчитува...