Готово е: Ерик Дајер потпишува за Баерн Минхен

Баерн Минхен го договори првиот трансфер во јануарскиот преоден рок откако постигна целосен договор со Тотенхем околу ангажманот на Ерик Дајер.

Баварците веќе извесно време го следеа Дајер како евтина опција поради фактот дека не е стандарден во Тотенхем, а згора на тоа и договорот со лондонскиот клуб му истекува за шест месеци. Преговорите беа интензивирани во последните 48 часа, а откако Дајер ги договори личните услови остана само уште клубовите да ги финализираат деталите.

Вкупната висина на трансферот ќе изнесува помалку од пет милиони евра, а Тотенхем вечерва реши Дајер воопшто да не биде во составот против Барнли, како уште еден доказ дека англискиот фудбалер наскоро ќе се пресели на „Алијанц Арена“.

Се очекува лекарските прегледи да бидат финализирани во текот на викендов, по што Дајер и официјално ќе се стави на располагање на Томас Тухел и ќе биде во комбинација за настап од самиот почеток на втората полусезона на баварскиот гигант.

Се вчитува...