Аталанта ќе бара нов тренер откако искусниот Џан Пјеро Гасперини им соопштил на челниците дека си оди од клупата. Иако има уште една година од договорот, сепак, тој одлучил да замине по девет години поминати во тимот.
Гасперини ќе бара нов клуб, а за него има интерес од многу италијански клубови. Рома, Милан и Јувентус чекаат исход од овие разговори, но и од одлуката на Антонио Конте во Наполи, особено што Јувентус сака да го врати во своите редови. Ако Наполи остане без тренер, тогаш во опција за Гасперини е и овој тим.
Гасперини во минатото работеше во Џенова, Палермо, во Интер и Кротоне. Со Аталанта минатаат сезона ја освои Лигата на Европа, а беше прогласен за тренер на годината во Серија „А“ во 2019 и 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

