Готово е: Големиот Андрес Иниеста ја прифати понудата – оди на СП 2026!

И покрај неговиот извонреден успех како селектор на Мароко, Валид Реграгуи по критиките од јавноста, се повлече од функцијата селектор на оваа репрезентација.

Оваа ненадејна промена во тренерскиот тим се закани да ги наруши подготовките на африканската репрезентација за претстојното Светско првенство 2026. Но, по сите турбуленции, и добри вести за навивачите, а станува збор за фактот дека легендарниот Андрес Иниеста го најде своето место во главниот тим на Мароко.

Иниеста ја прифати понудата и ќе стане нов спортски директор на мароканската фудбалска репрезентација.

Тој се смета за еден од најголемите играчи од средниот ред на сите времиња и култен херој на Барселона и Шпанија.

Како гром од ведро небо, се појави информација што открива дека Иниеста се договорил за сè со Мароканците и дека станува нивен спортски директор пред Светското првенство.

Се вчитува...