Готово е: Хамшик потпиша за Далијан

Наполи одбележува крај на една ера откако капитенот Марек Хамшик од денеска и официјално си замина од овој клуб, потпишувајќи тригодишен договор со кинескиот прволигаш Далијан Јифанг. Иако пред една седмица одби богата понуда од Кина, Хамшик во меѓувреме доби подобри услови од Далијан, по што реши да стави крај на својата 12-годишна авантура во Неапол.

Тој потпиша договор за плата од 9,5 милиони евра по сезона, додека „наполитанците“ ќе заработат околу 15 милиони евра од трансферот, сума што претседателот Де Лаурентис ја спушти за трансферот да се реализира.

„Хамшик покажа беспрекорен професионализам во Наполи, имајќи извонреден однос со сите тренери со кои работеше, никогаш не предаде никого, дури и во најтешките моменти. Покажа зрелост и скромност во сите овие години, па кога дојде и најискрено замоли да му биде дозволено да замине во Кина, не можев да го одбијам. Летото му реков НЕ бидејќи Анчелоти беше штотуку дојден и сакав да ги види на дело сите фудбалери, но не можев повторно да го одбијам барањето на Марек“ – истакна претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Се вчитува...