ГОТОВО Е: Јошко Гвардиол е најскап дефанзивец на сите времиња

Хрватскиот интернационалец ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, откако ќе премине во Манчестер сити за сума од 100 милиони евра.

Германскиот Бундеслигаш, Ред Бул Лајпциг потврди дека постигнале договор со европскиот шампион и дека Хрватот во новата сезона ќе биде дел од клубот од „Етихад“.

21-годишниот хрватски стопер се најде во фокусот за време на СП 2022 поради неговите добри партии, а во исто темпо играше и во Лигата на шампионите. Пред Лајцпиг, Гвардиол беше дел од Динамо Загреб.

 

Се вчитува...