Готово е, Лаутаро потпишува нов договор со Интер

Лаутаро Мартинез и Интер се договориле за нова соработка, која ќе биде до јуни 2029 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Лаутаро нема намера да го напушти Интер, а и „нероаѕурите“ сакаат да го задржат својот најдобар напаѓач, воедно и капитен на екипата.

Аргентинецот дојде во Милано во 2018 година, и потпиша тригодишен договор, а пред извесен период го продолжи договорот до 2026 година. Сега новиот договор ќе биде со подобри услови.

Во моментов цената на Лаутаро се проценува на 110 милиони евра.

Се вчитува...