Џордан Хендерсон и дефинитивно си заминува од „Енфилд Роуд“ откако Ливерпул попладнево ги договори деталите од продажбата на својот капитен во тимот на Ал Етифак во Саудиска Арабија.
Тој беше дел од тренинг-кампот на Ливерпул во Германија, но утрово беше објавено дека нема да биде во комбинација за настап на првиот тест со Карлсруе, како предзнак дека трансферот е блиску до реализација. Во меѓувреме, договорени беа сите детали од овој трансфер, па се очекува Хендерсон во следните неколку дена да замине на подготовките на својот нов клуб.
Финансиските детали засега не се објавуваат, но Ливерпул од стартот на преговорите инсистираше на 20 милиони фунти и се очекува висината на трансферот да се движи околу оваа граница.
„Црвените“ се во завршна фаза за продажба и на Бразилецот Фабињо во тимот на Ал Итихад за сума од над 40 милиони фунти, по што се очекува Клоп задолжително во наредните денови да ангажира ново засилување на позицијата последен играч за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

