Готово е: Манчестер Јунајтед го договори Маунт

Манчестер Јунајтед добива големо засилување за следната сезона. Нов играч на „Олд Трафорд“ ќе биде досегашниот член на Челси, Мејсон Маунт.

Играчот од офанзивниот дел на средниот ред за сума од 60 милиони фунти, ќе се пресели во црвениот дел на Манчестер. Челси претходно соопшти дека го продава англискиот фудбалер, а долго време се шпекулираше за негов премин во тимот на Ерик Тен Хаг.

Маунт е уште еден играч кој ги напушта „сините“ од Лондон, каде во овој летен преоден рок се очекуваат многу заминувања, и „ремонт“ во екипата.

Се вчитува...