Младиот белгиски фудбалер, Шарл де Кетелер ќе биде нов фудбалер на италијанскиот шампион Милан, откако „росонерите“ успеале да се договорат со беглискиот Клуб Бриж.
Де Кетелер на „Сан Сиро“ ќе стигне за сума од 35 милиони евра, а откако викендов ќе ги помине медицинските прегледи во понеделник ќе ја има и својата промоција.
Инаку, Де Кетелар во Белгија е прогласен за „новиот Кевин Де Брујне“ поради својот стил на игра. Во минатата сезона тој беше главен протагонист во Клуб Бриж. Де Кетеларе запиша 49 настапи во сите конкуренции, постигна 18 погодоци и десет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА