Најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација Александар Митровиќ, кариерата ја продолжува во Ал-Хилал. Клубот од Саудиска Арабија ги договори сите детали со Фулам и со самиот фудбалер за трансфер на Србинот, кој ќе заработи вистинско богатство.
Фулам не можеше да одолее на сумата од 40 милиони евра која ќе ја добие од Ал Хилал за овој трансфер. Тоа беше и најновата понуда на клубот, откако претходно едната беше одбиена.
Митровиќ така ќе стане соиграч со неговиот сонародник Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој неодамна се пресели во овој клуб, а исто така се очекува и комплетирање на трансферот на Нејмар од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

