Кристијано Роналдо и дефинитивно ќе ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија откако португалскиот ас денеска го стави својот потпис на двогодишниот договор со Ал Наср. Информацијата први ја објавија неколку шпански медиуми, обелоденувајќи дека Роналдо се уште се наоѓа во Мадрид, а во Саудиска Арабија ќе замине по новогодишните празници.
Кристијано долго чекаше понуда од врвен европски клуб, но откако му стана јасно дека тоа нема да се случи, ги финализираше деталите со Ал Наср и го стави потписот на договорот што му гарантира 200 милиони долари по сезона.
Според најавите од претходно, севкупниот договор ќе ја надмине сумата од една милијарда долари, ако се знае дека Саудиска Арабија потоа ќе му исплати над 150 милиони евра годишно како амбасадор на оваа земја во обидот да стигне до организацијата на СП 2030.
RONALDO AL NASR MI pic.twitter.com/I1DaWjEycS
— efe🇧🇷 (@neymagicss) December 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА