После вечерашното реми со Рома, Милан ќе му врачи отказ на сегашниот тренер Пауло Фонсека. Фонсека кој дојде во Милан на почетокот на сезоната, сигурно ќе стане поранешен. Тој не го дочека крајот на натпреварот, затоа што во 43. минута од дуелот со „волчицата“ доби исклучување.
Клубот во секој момент треба да ја објави разделбата, а него ќе го менува исто така негов сонародник. Станува збор за Серџо Консеисао, кој е без работа откако си замина од Порто. Интересно е што Консеисао во минатото го носеше дресот на Интер, лутиот ривал на Милан.
Исто така уште поинтересно е што неговиот син Франциско Консеисао игра за Јувентус, уште еден лут ривал на Милан во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА