Германскиот голман Марк Андре Тер Штеген ќе биде нов голман на Џирона. Актуелниот чувар на мрежата на Барселона дал зелено светло да замине во овој клуб на позајмица до крајот на сезоната.
Откако стана јасно дека за него нема место во Барселона, и се претвори во трет избор на тренерот Ханс Флик, актуелниот германски репрезентативец се одлучи да замине во клуб каде што ќе биде стандарден и каде што ќе се докажува.
Џирона неодамна се ослободи од Доминик Ливаковиќ, и сега е отворен патот на Тер-Штеген кон овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

