Легендата на францускиот фудбал Тјери Анри ќе биде нов тренер на Монако, по оставката на Леонард Жардим.
Тоа што се шпекулираше изминативе денови сега и дефинитивно потврдено со информациите од Монако дека Анри утре доаѓа на официјален потпис со францускиот прволигаш.
Жардим изминативе четири години го предводеше Монако, период [to потпретседателот на клубот Вадим Василјев го оцени како „еден од најубавите во клупската историја“. Но, по лошите резултати на тимот оваа сезона сега Анри ќе треба да ја враќа позитивната атмосфера во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА