Реал Мадрид го продолжува трендот да осигура значаен потпис, и тоа како слободен трансфер без никаква отштета. Она што минатото лето го стори со Килијан Мбапе, претседателот Флорентино Перез го повтори и со Трент Александер Арнолд, откако првиот човек на Реал успеал да постигне целосен договор за да го доведе офанзивниот десен бек на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралевите“ подолго време го следат Александер Арнолд, а откако Ливерпул премногу ги одолговлечи преговорите за нов договор, Перез ја искористи можноста за да го доведе Трент како слободен играч. Мадридскиот весник „Марка“ синоќа објави дека е постигнат целосен договор и англискиот репрезентативец ја прифатил понудата за петгодишна соработка со најтрофејниот европски клуб.
Реал во меѓувреме се обидува да се договори со Ливерпул, да плати минимална отштета за да го доведе десниот бек уште во јануари, но „црвените“ се цврсто решени да то задржат десниот бек до јуни, во меѓувреме и да се обидат да го натераат да го смени ставот и да остане на „Енфилд“.
Следна мисија на Флорентино Перез е сличниот рецепт да го повтори и со Афонсо Дејвис, левиот бек кој има уште пет месеци од договорот со Баерн Минхен и се уште ја нема продолжено соработката со баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА