Екипата на Лос Анџелес постигна договор со играчот на Милан, Оливие Жиру за негов ангажман во МЛС лигата во САД. Жиру како слободен агент по крајот на сезоната заминува во САД.
Интересот од Лос Анџелес е од поодамна, а сега веројатно дошло до конечен договор, кој ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната. Жиру веројатно после Европското првенство ќе ја заврши и репрезентативната кариера, и ќе може целосно да се посвети на настапите на клупско ниво до неговото официјално пензионирање.
Се очекува во текот на оваа недела тимот од Лос Анџелес да го официјализира трансферот. Во минатото Жиру настапуваше за Арсенал, Челси, Монпеље, Турс, Истр и Гренобл. За француската репрезентација има одиграно 130 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА