Готово: Лукаку утре потпишува за Рома

Најверојатно утре ќе дојде крајот на трансфер-сагата на Ромело Лукаку. Белгиецот потврди дека утре ќе замине во Рим, и ќе потпише договор со Рома, која и покрај ангажманот на Сардар Азмун, сега ќе има уште еден напаѓач.

Лукаку минатата сезона настапуваше во Интер на позајмица од Челси, но поради повреда не можеше да дојде до вистинската форма. Италијанските медиуми тврдеа дека ќе остане на „Меаца“, но потоа се дозна дека тајно преговарал со Јувентус, и тоа на неколку дена пред финалето во ЛШ.

Меѓутоа пропадна можноста да настапува и за Јувентус, а беше поврзуван и со Тотенхем. Челси во меѓувреме го префрли во вториот тим, и не сметаше на него.

„Утре патувам во Рим и потпишувам“, рече Лукаку на новинарите кои го начекаа на еден турнир на кој го следеше настапот на својот син.

Се вчитува...