Готово: Матијас де Лихт го засили Баерн Минхен (ФОТО)

Матијас де Лихт е нов фудбалер на Баерн Минхен, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Холандскиот стопер во минхенскиот клуб доаѓа од Јувентус во трансфер вреден над 80 милиони евра.

Постигнат е договор помеѓу клубовите, договорени се и лични услови со 22-годишникот кој ќе биде дел од германскиот шампион до 2027 година. Останува уште Де Лихт да ги помине медицинските прегледи и клубот да го официјализира трансферот, а тоа се очекува да биде готово во текот на неделата.

За Де Лихт тоа ќе биде трет клуб во кариерата по Ајакс и Јувентус. Како потсетување, Холанѓанецот премина од Амстердам во Торино во 2019 година во трансфер вреден 85 милиони евра.

Се вчитува...