Лука Модриќ и дефинитивно ќе остане во Реал Мадрид наредната сезона, откако хрватскиот генијалец официјално ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија за мегатрансфер во овој преоден рок.
Саудијците се мачеа да го убедат хрватскиот репрезентативец да се приклучи на фудбалскиот проект во оваа земја, беа понудени фантастични 200 милиони евра за тригодишен договор, но Модриќ јасно стави до знаење дека нема намера да ги следи стапките на поранешните соиграчи Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Како што јавува весникот „Ас“, контактите се завршени на инсистирање на Хрватот, кој во наредните 48 часа ќе го стави потписот на новиот едногодишен договор со Реал Мадрид. Воедно, Модриќ донел одлука и да продолжи со настапите за хрватската репрезентација, што значи дека ќе продолжи да игра за „коцкестите“ до ЕП 2024 година.
Настапот на европскиот шампионат ќе биде последен за Модриќ во дресот на Хрватска, а лесно може да се случи тој следното лето да објави и крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

