По една сезона помината во романскиот одорхеи, Гоце Ојлески (28) се враќа во Македонија. Левото крило на македонската репрезентација е новото засилување во екипата на Еурофарм Работник. Ојлевски со битолскиот суперлигаш потпиша двегодишен договор.
„Решив да ја прифатам понудата од Еурофарм Работник поради одличните услови и нивните планови. Еурофарм Работник има големи амбиции со излезот во Европа да направиме успех и тоа беше една од клучните работи поради кои решив да продолжам во Битола. Од Одорхеи имаше интерес за продолжување на соработката, а имав и некои други понуди од други клубови, но на крај сепак, се одлучив за Еурофарм Работник“ – вели Гоце Ојлески.
Ојлески потекнува од струшката ракометна школа, а во својата кариера потоа пет години настапуваше за Вардар Про, од каде во 2013 премина во Металург. Лани од Автокоманда се пресели во Романија и имаше успешна сезона во дресот на Одорхеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА