Гоце Ојлевски доаѓа, ќе игра со Романија

Македонскиот стручен штаб е принуден да повика нов ракометар во ситуација кога останавме без двете леви крила против Португалија.

Во една таква ситуација, како џокер е повикан Гоце Ојлевски, кој попладнево ќе пристигне во Хернинг и утре ќе треба да настапи на клучниот меч со Романија.

„Џонов сега замина на прегледи, ги чекаме резултатите. Со него ситуацијата е 50-50, но Петар Атанасијевиќ е 99% загубен и нема да може да ни помогне. Затоа и го повикавме Гоце Ојлевски, кој ќе пристигне во 17 часот“, изјави селекторот Лазаров.

Се вчитува...