Довчерашниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски е канидат за нов трњенер на Динамо Загреб, пренесува “Спортске новости”.
“Модрите” сезонава останаа без настап во групите од ЛЕ, па хрватските медиуми шпекулираат за промени на тренерската позиција. Главен кандидат е досегашниот тренер на Вардар, кој со македонскиот шампион стигна до плејоф рундата за Лигата на Европа, како замена за Марио Цвитановиќ.
„Секако огромна е честа кога има интерес од клуб како Динамо, но засега имаат тренер и не сакам ништо да преујдицирам” – вели за “Спортске новости“, Гоце Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА