Гоце Седлоски: Не го менував многу составот, овие играчи се доста заедно и нашето најдобро

Новиот македонски селектор Гоце Седлоски го соопшти списокот репрезентативци за престојната бараж пресметка со Данска на 26 март во Копенхаген, во обидот за пласман на СП 2026.

Нема драматични промени во списокот на Седлоски, кој на денешната прес-конференција дека нема многу промени, само неколку освежувања и повратници во тимот од претходниот период.

„Одлучив да не менувам многу во кадарот само да освежиме со некои играчи и со некои повратници. Дебитанти, тука е Мусовски од САД кого го следев, Фетаи играше добро во Европа и дома, Херера добро играше во Борац Бања Лука. Дориев и Николов кои беа долго време претходно во репрезентацијата, и се одлучив да ги вратам. Исто и Бејтулаи кој играше добро за својот клуб и се одлучив да го вратам“ – истакна Седлоски дополнувајќи:

„Овие играчи се доста заедно. Сакав со неколку освежувања да се обидеме да го подигнеме нивото. Дориев беше во Узбекистан најдобар стрелец. Сите кои се тука играат за репррзентација и треба да знаат чиј дрес носат. Ги следам сите, вратата во репрезентацијата на никого не му е затврена, ама во овој момент сметам дека ова е најдобриот состав. За тие три дена подготовки ќе се обидам да внесам нешто ново иако немаме простор многу да менуваме“.

Се вчитува...