Поранешниот тренер на Вардар и Шкупи, Гоце Седлоски се очекува да биде именуван за нов тренер на новиот амбициозен прволигаш Беса од Добридол.
И покрај бројните шпекулации околу новиот стратег на Беса, по заминувањето на Александар Таневски, на крајот се чини одлуката на раководството на клубот падна на Седлоски кој досега во кариерата има три шампионски титули во домашното првенство, две со Вардар и една со Шкупи. Последниот тренерски ангажман на поранешниот македонски репрезентативец беше на клупата на Работнички.
Според најавите, се очекува веќе утре Седлоски да биде промовиран на клупата на тимот од Добридол и веднаш да почне со тренинзите во очекување на натпреварот во среда против Шкупи на Чаир во 7. коло од ПМФЛ.
Беса вчера загуби на домашен терен од Пелистер со 2-3. Во моментов се на 10. место на табелата со 4 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА