Македонскиот тренер Гоце Седлоски, и покрај тоа што успеа да обезбеди европска сцена со Влазнија, по само неполни два месеци на тренерската функција се раздели со албанскиот прволигаш.
Од Влазнија официјално информираат дека Седлоски заминува од клубот кој во Европа ќе биде предводен од нов тренер.
„Фудбалскиот клуб Влазнија сака да ја информира целокупната спортска јавност дека договорот со тренерот Гоце Седлоски е завршен. Заблагодарувајќи му се за сработеното во овој период со нашиот тим, клубот му посакува успех во понатамошната кариера!“ – се вели во краткото официјално соопштение од Влазнија за разделбата со македонскиот тренер.
Седлоски ја презеде Влазнија на почетокот од месец април и по 50 дена соработка заминува од Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА