Гоце Седлоски е пред отказ од Работнички по денешниот пораз на тимот од АП Брера во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, по кој „романтичарите“ сега веќе сериозно го загрозуваат опстанокот во македонската фудбалска елита.
По разочарувачката серија порази од дури четири едноподруго натпревари и очајниот резултатски ефект во пролетниот дел од сезоната во кој Работнички има само четири бода од седум натпревари, како што дознава ЕКИПА, новите сопственици на тимот денеска веќе разговарале за промена на тренерска функција во клубот.
Според информациите од Дебар маало, оставен е простор наредниве денови за разговор со шефот на стручниот штаб по што и дефинитивно ќе биде познато дали Седлоски ќе ја напушти клупата на еден од најтрофејните македонски клубови.
Во седум натпревари во пролетниот дел од сезоната Работнички има само една победа над Брегалница од 2-0, едно реми без голови со Струга ТЛ и дури пет порази што е повеќе од разочарувачки за „романтичарите“, и незадоволително за новите сопственици кои со далеку посериозни амбиции ја стартуваа пролетната полусезона во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА