Гоце Седлоски се врати во Шкупи

Македонскиот стратег Гоце Седлоски се врати на клупата на шампионот Шкупи. Тој по ремито со Победа (1-1) пред две кола одлучи да го напушти клубот со кој ја освои шампионската титула лани.

По сите турбуленции кои се случија во тимот на Чаир, од клубот на крајот сепак решија да го вратат искусниот стратег, кој прифати повторно да биде шеф на стручниот штаб на клубот.

„Почитувани фанови, ве известуваме дека нов тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски додека како негов прв помошник ќе биде клупската легенда Арбен Нухиу. Заедно со нив на функцијата претседател на клубот се враќа и Суат Алија“, стои во соопштението на Шкупи. 

Се вчитува...