ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. И официјално, како што информираше клубот, со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски.
По разочарувачката серија порази од дури четири едноподруго натпревари и очајниот резултатски ефект во пролетниот дел од сезоната во кој Работнички има само четири бода од седум натпревари, новите сопственици на тимот се решија за овој потег.
Во седум натпревари во пролетниот дел од сезоната Работнички има само една победа над Брегалница од 2-0, едно реми без голови со Струга ТЛ и дури пет порази што е повеќе од разочарувачки за „романтичарите“, и незадоволително за новите сопственици кои со далеку посериозни амбиции ја стартуваа пролетната полусезона во елитното друштво.
За нов шеф на стручниот штаб е именуван Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, а тренер на голманите останува Матеј Миленков. Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА