Гоце Толески ја заврши својата „одисеја“ на клупата на ГФК Охрид.
Поранешниот македонски репрезентативец со Охрид имаше договор до полусезоната, па дополнителните преговори за продолжување на соработката не вродија со плод по што следи разделбата меѓу двете страни.
Толески на клупата на Охрид го наследи Драган Бочески, кој поднесе оставка по само четири одиграни натпревари низ актуелнава сезона. Како што информираат од ГФК Охрид, во најбрз можен рок ќе биде решено тренерското прашање пред почетокот на подготовките за пролетниот дел од првенството во кое охридските бели ќе имаат тешка задача да изборат опстанок.
По есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад, ГФК Охрид се наоѓа на 9. место, претпоследно на табелата на Западот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА