Гоцевски: Трофеј кој е од огромно значење за Баскет Кам

Баскет Кам со златни букви се запиша во историјата на македонската кошарка откако славеше во второто издание на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ против минатогодишниот освојувач Бадел 1862. Составот од Македонска Каменица одигра одлично прво полувреме, а и покрај тоа што целосно потфрли во третата четвртина, на крајот се радуваше на трофејот благодарение на добрата одбрана во последните десет минути.

По натпреварот тренерот на Баскет Кам Златко Гоцевски изјави…

„Сигурно е дека овој трофеј е многу значаен за сите нас. Значи еден победнички почеток на сезоната. Добро почнавме, пред се агресивно, и како резултат на тоа се стекнавме со солдина предност. Но кога неколку кошаркарки добија по три лични грешки, некако ја намаливме таа агресивност. Потоа му дозволивме на противникот да ја стигне нашата предност. Но добро е што успеавме, се вративме кога требаше, за да победиме. Во оваа прилика сакам да кажам дека е одлично што по неколку години пауза се играат вакви натпревари помеѓу двете најдобри екипи, и добро е што таа традиција продолжува“, вели Гоцевски. 

Се вчитува...