Грабеж на ЕП: Кога судиското его е поголемо од правдата (фото)

Унгарија и Шведска одиграа уште еден во низата драматични и суперинтересни натпревари на ЕП 2026, меч што за жал ќе биде запаметен по огромната судиска грешка во последните секунди.

Унгарија имаше напад за победа кога беше досудено пробивање, а Паличка се обиде со звукот на сирената да погоди од сопствените шест метри, но не беше прецизен. Дуелот заврши нерешено, но токму тогаш почна фарсата – германските судии Шулце и Тониес решија да ја гледаат спорната ситуација од унгарскиот напад со ВАР.

И стана очигледно дека Ване бранеше со двете нозе газејќи во сопствените шест метри, што според сите правила мораше да биде пенал. И тогаш, на чудо на сите неутралци, а на радост на домашните фанови во Малме, германските судии се огласија – немало ништо спорно!!! и го прогласија мечот за завршен.

Навистина неверојатно, но токму поради ваквиот субјективизам во одлуките ракометарот заостанувал и ќе продолжи да заостанува зад колективните спортови, особено на големите натпреварувања на кои секоја одлука е и тоа како важна.

Се вчитува...