Македонската тениска репрезентација продолжува со добри резултати во групата Б од третата Европска зона, откако по победата над Малта нашиот национален тим стигна и до водство од 1-0 на стартот од пресметката со Исланд.
Димитар Грабул е најзаслужен за одличниот настап досега во Созопол, Бугарија, откако најдобриот македонски тенисер донесе водство против Исланд, рутински триумфирајќи во дуелот со Рафн Кумар Бонифациус со максимални 2-0 во сетови. Тој направи брејк во раната фаза од првиот сет, рутински добивајќи го со 6-4, а потоа фуриозно го стартуваше и вториот сет, поведувајќи со 3-0. Исланѓанецот направи брејк и за момент намали на 3-1, но следеше нова серија на македонскиот тенисер, кој на крајот заслужено го доби сетот со 6-2, со тоа и мечот за водство на нашата национална селекција од 1-0.
Во вториот денешен натпревар Томислав Јотовски ќе се сретне со Биркир Гунарсон, во обид да ја осигура и втората победа на Македонија во групата Б од третата Европска зона во Дејвис-купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА