Град Скопје одби да му помогне на македонскиот ракометен шампион, РК Вардар. На денешната 15-та седница на Советот на Град Скопје беше поднесена иницијатива за финансиска помош на „црвено-црните, но мнозинството во Советот ја одби иницијативата.
Од страна на советникот на Град Скопје, Гордан Шутаров од СДСМ, беше поднесен предлог за дополнување на дневниот ред со нова точка: „Предлог-одлука за давање на финансиска помош на Ракометен клуб Вардар 1961-Скопје“ во знак на солидарност со цел полесно да ги надмине финансиските проблеми со кои се соочува по превземањето на старо-новите сопственици и не можноста за сервисирање на наследените долгови.
Но, предлогот бил одбиена со 3 гласа против и 13 воздржани, наспроти малцинството од 15 гласа – ЗА.
„Од мое лично име, целосно свесен за осетливоста на темата и грижата или негрижата на институциите, приватниот сектор и сите најавени спонзорства, одлучив да ја поднесам оваа иницијатива и побарав поддршка од сите членови на Советот на Град Скопје без разлика на политичката партија која ја претставуваат. Десет милиони денари РК Вардар нема да го спасат, но ќе биде добар мотив и за останатите институции и приватниот сектор сериозно да го поддржат РК Вардар. Тимот ќе живее и понатаму во нашите срца, и понатаму ќе опстои и ќе дојдат нови шампионски денови за Скопје и Македонија“ – информираше советникот Шутаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА