Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и интернационалецот од Босна и Херцеговина, Елмир Граџан ја продолжија соработка за уште една сезона со што и петта сезона во низа Граџан ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.
„Влегувам во петтата година во Битола. Задоволен сум од градот, луѓето многу добро ме прифатија, како и во клубот. Очекувам и следната сезона да бидеме успешни, да бидеме поуспешни и да донесеме некои титули во Битола. Ова беше чудна сезона за сите нас. Игравме пред празни трибини против големи екипи како ГОГ Гудме, Вардар и многу други и моравме да се бориме без нашиот дополнителен играч, „Чкембарите“. Се надевам дека следната сезона и во тој правец ќе биде подобро и навивачите ќе ни помогнат за остварување на нашите планови“, изјави ракометарот на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА