Градимир Чаневски е нов ракометар на ГРК Охрид

Градимир Чаневски е нов член на ГРК Охрид.  Искусниот 36-годишен голман висок 188 центиметри, во Охрид доаѓа од израелскиот Макаби Ришон.

„После две години во странство се одлучив за ГРК Охрид. Задоволство ми е што во наредните две сезони ќе бидам член на Охрид, бидејќи тоа е клуб кој одлично е организиран и менаџиран, пополнет со квалитетен кадар како играчки, така и во стручниот штаб и управата. Клуб со амбиции кои со работа верувам дека ќе се остварат“, изјави Чаневски.

Градмир Чаневски е повремен сениорски репрезентативец на Македонија со која има настап на Европско првенство и Медитерански игри. Настапуваше и за младата репрезентација, а на клупско ниво беше член на македонските гиганти Металург, Вардар и Пелистер, пред да се пресели во Израел во Макаби Ришон. Тој во наредните две сезони ќе го носи дресот на Охрид.

Се вчитува...