Градителот на шампионскиот тим на Репторс замина од Торонто

Масаи Уџири повеќе не е претседател на Торонто Репторс. Тој ја напушти оваа позиција по 12 години поминати во канадската франшиза.

За време на неговиот мандат, Репторс го постигнаа најголемиот успех во клупската историја, беа шампиони во 2019 година (славната генерација со Ленард, Лаури…), но последните сезони не беа најдобри за Уџири и Торонто.

Претходната сезона, во која забележаа скор 30-52, беше трета последователна сезона во која Репторс не се пласираа во плеј-офот.

Торонто и понатаму е единствениот тим надвор од САД со титула шампион на најсилната лига во светот.

Се вчитува...